Биткоин / Фото: Архива

Драстичен пад на биткоинот, денес се тргува за 76.000 долари

Откако минатата недела достигна цена од над 80.000 долари, на почетокот на неделава биткоинот со драстичен пад. Денес еден биткоин се тргува по цена од 76.000 долари.
Биткоинот на почетокот на годинава се движи во поширок опсег од приближно 69.000 до 78.000 долари, зависно од берзата и моменталните пазарни флуктуации. Експертите велат дека најголемата криптовалута во светот влегува во фаза на консолидација, без јасен сигнал за нов силен раст или продолжен пад.

Оваа состојба ја опишуваат како рамнотежа меѓу купувачите и продавачите, при што ниту една страна засега нема доминантна контрола. Зголеменото влијание на институционални инвеститори преку ETF фондови, глобалната монетарна политика и каматните стапки и регулаторната неизвесност на големите пазари за експертите се клучни фактори кои моментално го обликуваат криптопазарот.

Биткоинот денес се тргува околу 67.000 долари – пазарот внимателно ја следи глобалната неизвесност

Иако биткоинот останува водечки дигитален актив, 2026 година засега не носи јасен тренд и инвеститорите внимателно ги следат макроекономските сигнали и регулаторните одлуки. Експертите предупредуваат дека следниот поголем движечки тренд ќе зависи од комбинација на глобална ликвидност, институционална побарувачка и регулаторна стабилност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот