Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Мечката што беше пронајдена вчера во каменоломот во Крешево кај Сараево е во многу лоша состојба и едвај дише.

Стјепан Квешиќ, кој е покрај оваа храбра мајка, за N1 потврди дека едното мече било фатена, нахрането и сместено во кафез, додека по другото се уште се трага.

За потсетување, мечката со две младенчиња е пронајдена вчера во каменолом. Ловците ја нашле во тешка состојба, а младенчињата се исплашиле и избегале..

Доцна попладне, пристигнаа експерти од Ветеринарниот факултет во Сараево, ја успиле мечката за да ја прегледаат и и дале инфузија и лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот