Драма на Ролан Гарос, Бертенс заврши во количка, противничката и порача е*и се

твитер

Во второто коло на грен слем турнирот во Париз, неверојатен меч одиграа Кики Бертенс и Сара Ерани.

Ветеранката Ерани беше на прагот на триумф над Бертенс која е топ 10 тенисерка, но не успеа и по три часа игра загуби со 7:6,3:6,9:7.

Ерани во одлучувачкиот трет сет дури два пати сервираше за триумф, но Холанѓанката успеваше да направи брејк и на крајот да дојде до триумф, а драмата продолжи и по завршување на дуелот.

Кики Бертенс поради проблеми со повредата но и поради исцрпеност падна на земја, а од теренот беше изнесена со количка.


Од другата страна, Ерани мислеше дека Холанѓанката само глуми и при напуштањето на теренот на италијански јазик извикна „vaffanculo“, односно „е*и се“.


Потоа Ерани која се најде на удар на јавноста и фановите, одлучи да го изнесе своето мислење.
– Не сакам кога некој сака да ме измами и да си игра со мене со такви финти. Го напушти теренот во количка и со болки, а тукушто ја видов во ресторанот како јаде и се е во ред со неа – изјави Ерани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот