ВИДЕО | Брера го победи Шкупи на пенали и го освои куп трофејот во младинска конкуренција
Фудбалерите на АП Брера го освоија трофејот во Купот на Македонија во конкуренција на младинци.
Препорачано
Во финалето во одличен натпревар АП Брера беше поуспешна од Шкупи и тоа по изведување на удари од 11 метри. По 90 минути игра двата тима постигнаа по два гола.
Шкупи поведе со голот на Судејс Чајани уште во втората минута и тоа по прецизно изведен пенал.
Пет минути пред крајот на првото полувреме АП Брера успеа да го израмни резултатот, а стрелец на голот беше Матеј Сејменов.
Во второто полувреме АП Брера се обидуваше да стигне до предност, инцијативата беше на нејзина страна, а најголемата можност за водство не ја искористи Игор Ристов кој изби сам пред голманот Сефер Муслиу, но неговиот шут заврши во дирекот.

Сепак во 75. минута, Марио Митрев успеа да ја затресе мрежата на противникот и на АП Брера да и донесе водство од 2:1.
Радоста на Струмичани траеше само три минути, Нејази Нухија успеа да го совлада Александар Трајков и да го израмни резултатот на 2:2.
Во финишот двата тима не успеаа да постигнат гол и пеналите го решаваа победникот во финалето.
Пенал серијата мина во знакот на двата голмани. Прво, Траков успеа да одбрани два шута на фудбалерите на Шкупи, а потоа на сцена стапи Муслиу кој исто така имаше две интервенции.
Во решавачката серија, прво Трајков го одбрани ударот на Хухија, а потоа Бојан Велков го совлада Муслиу за триумф на АП Брера во финалето