ВИДЕО | Mоќната Андреева ја прегази Костујк на Ролан Гарос за најголем успех во кариерата
Руската тенисерка Мира Андреева се пласираше во своето прво гренд-слем финале, откако денеска во Париз ја совлада Украинката Мартa Костјук со убедливи 2:0 во сетови (6:1, 6:3).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Осмата носителка на светската ВТА листа до најголемиот успех во кариерата стигна по доминантен настап против ривалката која сезонава играше во одлична форма и имаше серија од 17 победи на земјена подлога пред овој дуел.
Со овој триумф, 19-годишната Русинка ѝ се реваншираше на Костјук за поразот во финалето во Мадрид, а воедно ја прекина и нејзината успешна низа на земја.
Првиот сет мина во целосна доминација на Андреева, која со сигурна и смирена игра го доби со 6:1, додека во вториот сет Украинката даде поголем отпор, но недоволно за да ја загрози Русинката, која на крај славеше со 6:3.
Со овој резултат, Андреева го оствари најголемиот успех во својата кариера, надминувајќи го досегашниот пласман во полуфинале на Ролан Гарос од 2024 година. За Костјук, пак, ова е најдобар резултат на гренд-слем турнирите, кој ќе ѝ донесе и скок на ВТА ранг-листата.
По завршувањето на мечот не дојде до вообичаеното ракување меѓу тенисерките, што е честа појава од почетокот на воениот конфликт во дуелите меѓу играчи од Русија и Украина.
Во второто полуфинале денеска ќе се сретнат Дијана Шнајдер од Русија и Маја Хвалинска од Полска, па не е исклучено во Париз да гледаме руско финале.
𝙉𝒂𝙘𝒊𝙙𝒂 𝒑𝙖𝒓𝙖 𝙝𝒂𝙘𝒆𝙧 𝙝𝒊𝙨𝒕𝙤𝒓𝙞𝒂 💫
Mirra Andreeva, pupila de Conchita Martínez, supera a Marta Kostyuk en dos sets y alcanza su primera final de Grand Slam a los 19 años. #RolandGarros pic.twitter.com/3Tsd819l7n
— Eurosport.es (@Eurosport_ES) June 4, 2026


