Дозволен влез во Германија без рестрикции за сезонски работници од земјите на ЕУ

Архива на СП

За да се намали потенцијалното ширење на Ковид-19, ќе бидат формирани фиксни тимови, а ако еден од работниците се разобли, целиот тим ќе биде во изолација.

Германија од 16 јуни ќе дозволи влез за сезонските работници од земјите-членки на Европска Унија и шенген зоната без никакви рестрикции.

Земјата претходно утврди дека поради пандемијата на новиот коронавирус во земјата можат да влезат најмногу 80.000 сезонски работници.

Минатата година во земјоделскиот сектор во Германија биле ангажирани околу 300.000 сезонски работници, најчесто од Романија и од Полска.

Владата во Берлин нареди работодавците да ги применат сите хигиенски стандарди.

За да се намали потенцијалното ширење на Ковид-19, ќе бидат формирани фиксни тимови, а ако еден од работниците се разобли, целиот тим ќе биде во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот