Доријан Бабунски се раздели со Враца, ќе игра заедно со брат му во Унгарија!?

бабунски
Доријан Бабунски покажа одлични перформанси во дресот на бугарскиот клуб Ботев Враца/Фото: facebook.com/BotevVratzaOfficial

Се шпекулираше изминатите два месеци дека можно е Доријан Бабунски (25) да ја напушти екипата на Ботев Враца во чиј дрес сезонава покажа одлични перформанси.

Македонскиот репрезентивен напаѓач постигна 10 голови (во 18 настапи) и е во Топ 3 најдобри стрелци во најдобриот бугарски фудбалски шампионат.

Бугарските медиуми објавуваа дека неговиот клуб (со кој имаше важечки договор до крајот на сезоната) бара 100.000 евра за услугите на Македонецот.

Денеска Доријан Бабунски ја информираше јавноста преку социјалните мрежи дека ќе ја напушти екипата на Ботев Враца.

– Дојде време да се разделиме, сакам да mu се заблагодарам на овој клуб и на сите тренери што ми дадоа шанса да го работам она што најмногу го сакам, да играм фудбал. За моите соиграчи, кои се единствените кои навистина знаат колку е тежок овој пат, вие сте херои. Но, не само тоа, со себе ја носам и безрезервната поддршка од сите врачани. Никогаш не е лесно да се игра во странство, но ме натера да се чувствувам како дома и ви благодарам од сè срце. Ботев Враца е во добри раце, бидете заедно, бидете силни. Само Ботев! – објави Бабунски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dorian Babunski (@dorianbabunski)

Имаше понуди од Бугарија како ЦСКА Софија и Левски, се покажа и интерес од австрискиот клуб Рапид Виена.

Најновите информации велат дека најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Унгарија, поточно во редовите на Дебрецени каде што настапува неговиот постар брат Давид Бабунски (27). Унгарците ќе ја платат потребната откупна клаузула, и пред официјално да се потпише договорот, играчот треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот