Дополнителни 800 милиони евра за мали и средни претпријатија – ЕИФ и ПроКредит Банка ја дуплираат поддршката за иновативните компании

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и ПроКредит групација ќе пласираат дополнителни 800 милиони евра за иновативни проекти на мали и средни претпријатија (МСП), што претставува вкупно 1.62 билиони евра за кредитирање на компании во 11 држави.

Поддршката која ја овозможува ЕИФ е отсега достапна преку ПроКредит банките во јужна и источна Европа и истата е наменета за компании кои употребуваат нови технологии и имаат иновативни производства во една од единаесте држави каде што ПроКредит банките ги пласираат своите услуги (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Германија, Грција, Молдавија, Северна Македонија, Романија, Србија и Украина).

Досега, ПроКредит банките имаат поддржано околу 2.000 иновативни мали и средни претпријатија и тоа претежно во дејноста на производство, големопродажба и малопродажба, а уште голем број претпријатија ќе бидат финансирани и во следните неколку години.

Договорите за финансирање на малите и средни претпријата се дел од „InnovFin“ иницијативата на Европска комисија, поддржани преку програмата „Horizon 2020“. „InnovFin“ иницијативата овозможува банките да пласираат кредити за иновативни комапнии со гарантна шема поддржана од страна на ЕИФ.

Договорот потпишан меѓу државите членки на ЕУ беше овозможен согласно поддршката од Европскиот Фонд за Стратешки Инвестиции. Овој фонд е централен столб од Планот за Инвестиции во Европа на Европската Комисија, исто така познат под називот „Juncker Plan“. 

– Две години отккао објавивме дека 80 милиони евра ќе бидат пласирани за МСП во единаесет држави, ЕИФ и ПроКредит ја дуплираат финансиската поддршка, што значи дека 1.62 билиони евра се сега достапни за финансирање на мали и средни претпријатија во овие земји. Континуираната и зголемена пддршка од страна на ЕУ ќе придонесе за промени кај илјадници претприемачи со иновативни бизнис идеи и потреба за финансирање на своите проекти, на ист начин како и кај 2000 компании кои досега беа финансирани преку оваа гарантна шема – изјави Заменик претседателот на Европската Комисија Јурки Катаинен, одговорен за работни позиции, раст, инвестиции и конкурентност.

– Позитивно сме изненадени што „InnovFin“ гарантната шема пласирана преку ПроКредит банките остварува одлични резултати – рече Извршниот директор на ЕИФ, Пјер Луиџи Жилберт.

Широката мрежа и позиционираноста на ПроКредит банките, комбинирани со експертизата за кредитирање на МСП се потврда дека гарантната шема поддржана од Европската Комисија ќе биде искористена во единаестте држави. Овие кредити ќе им овозможат на компаниите полесен пристап до финансирање поддржано од ЕУ со цел зголеување на иновативноста низ Европа.

Претседателот на Надзорен Одбор на ПроКредит Холдинг, Др. Клаус-Петер Цетингер изјави:

– Проширувањето на нашиот договор е значаен показател за нашата банкарска групација. Истиот им дава до знаење на нашите клиенти дека ЕУ и понатаму ќе ги поддржува инвестициите од страна на мали и средни претпријатија во југо-источна и источна Европа и дека развојно ориентираната насока на ПроКредит банките е препознаена од страна на ЕУ.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот