Дончиќ: Немаше да бидам тука, ако се грижев што се зборува за мене

Лука Дончиќ/фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Кошаркарската репрезентација на Словенија обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство откако со 88:72 ја совлада Белгија, а најзаслужен за триумфот беше Лука Дончиќ.

Кошаркарот на Далас постигна 35 поени и тоа беше трет натпревар по ред на кој дава најмалку 30 поени на ЕП, постигнување што на никого не му успеало во последните три децении.

– Белгија одигра одлично, знаевме дека ќе биде тешко. Не беше лесен натпревар, иако можеби многумина мислеа дека ќе биде. Физички тие се многу силни, одиграа навистина добро, посебно беа добри во нападот. Малку забрзавме и победивме, но не беше лесно – рече Дончиќ.

Критики имаше и за Дончиќ, тој се најде на удар на јавноста најмногу поради наводните информации дека ја тужел сопствената мајка.

– Доколку се грижев за тоа што зборуваат луѓето, немаше да бидам тука. Тоа е навистина неважно – рече Дончиќ.

Словенија во четврт-финалето ќе игра со подобриот од утрешниот дуел меѓу Украина и Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот