Доналд Туск / Фото EPA-EFE/PAWEL SUPERNAK

Доналд Туск предупреди: НАТО се распаѓа одвнатре

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата закана за трансатлантската заедница не се надворешните непријатели, туку внатрешното распаѓање на сојузот, објави „Индипендент“.

Туск ова го изјави во контекст на сѐ подлабокиот раскол во рамки на НАТО околу американско-израелската војна против Иран.

„Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку постепеното уривање на нашиот сојуз. Сите мора да направиме сѐ што е во наша моќ за да го свртиме овој катастрофален тренд“, напиша Туск на социјалната мрежа X.

Неговата објава следува само неколку часа откако Вашингтон најави повлекување на околу 5.000 американски војници од Германија.

Претходно оваа недела, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за намалување на американското воено присуство во Германија, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц ги критикуваше САД поради недостиг на излезна стратегија во војната со Иран.

Трамп изрази незадоволство и од Италија и Шпанија, најавувајќи можност за повлекување на американски сили и од тие земји, со образложение дека „не биле тука кога на САД им требале“ во конфликтот со Иран.

НАТО не може да ја избрка Шпанија и да сака, велат од Алијансата

Америка ќе повлече околу 5.000 војници од Германија, објави Пентагон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот