НАТО знаме
Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

НАТО не може да ја избрка Шпанија и да сака, велат од Алијансата

НАТО соопшти дека не постои одредба според која земја-членка може да биде суспендирана или исклучена од воениот сојуз, откако се појави извештај дека САД би можеле да бараат суспензија на Шпанија поради нејзиниот став во врска со војната со Иран, објави „Би-би-си“.

„Ројтерс“ претходно цитираше американски функционер кој изјавил дека интерен мејл од Пентагон предложил мерки со кои САД би ги казниле сојузниците за кои сметаат дека не ја поддржале нивната кампања. Во мејлот, исто така, се предлага преиспитување на американската позиција во врска со британското право на Фолкландските Острови во јужниот Атлантик, кои ги бара и Аргентина.

Претставник на НАТО за „Би-би-си“. изјави дека основачкиот договор на алијансата „не предвидува никаква можност за суспензија или за исклучување од членството“.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчес, исто така, го отфрли извештајот. „Би-би-си“ контактираше со Пентагон и со британската влада за коментар.

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше НАТО-сојузниците за недоволна поддршка во конфликтот со Иран, особено по ограничувањето на сообраќајот низ Ормускиот Теснец. Шпанија одби да отстапи бази, додека, пак, Санчес инсистира на меѓународно право.

Кир Стармер е против поголемо вклучување, иако Британија помага. Пентагон разгледувал мерки против „непослушни“ сојузници, вклучително и преиспитување на поддршката за Фолкландските Острови, јави „Ројтерс“.

Санчез гради фронт против политиките на Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот