Пентагон / Фото: МИА

Пентагон подготвувал мерки против „непослушни“ сојузници во НАТО, на удар Шпанија и Велика Британија

Пентагон размислува да преземе казнени мерки против сојузници во НАТО, вклучително и суспензија на Шпанија од Алијансата но и да го преиспита ставот кон британските Фолкландски Острови, поради незадоволство од нивните улоги во војната со Иран, објави Ројтерс.

Како што наведува медиумот кој се повикува на интерен имејл на Пентагон што го видел американски функционер, американските власти сметаат дека дел од сојузниците не обезбедиле доволна поддршка во сојузот за случувањата на Блискиот Исток.

Незадоволство од членовите

Според службеникот, кој зборувал за „Ројтерс“ под услов да остане анонимен за содржината на електронската пошта, во меморандумот се наведува дека АБО „претставува апсолутна основа на НАТО“ и дека предложените опции се дискутираат на високо ниво во Пентагон. Една од опцииите вклучува и суспендирање на „проблематичните“ земји од важни или престижни позиции во рамките на Алијансата.

Претседателот Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО за тоа што не ги испратија своите морнарици да помогнат во отворањето на Ормускиот Теснец, кој е затворен за светскиот поморски сообраќај од почетокот на воздушната војна на 28 февруари. Тој, исто така, на неколку пати досега истакна дека размислува за повлекување од алијансата, стои во објавениот текст.

„Зарем не би го направиле тоа ако сте на мое место?“, праша Трамп во интервју за „Ројтерс“ на 1 април, кога беше прашан дали повлекувањето на САД од НАТО е реална можност.

Сепак, интерната е-пошта до која дошол службеникот во Пентагон, не сугерира дека САД треба да го сторат тоа, ниту пак е споменато нешто прецизно околу затворањето на воените воените бази во Европа. Службеникот одбил да каже дали меѓу опциите вклучуваат и намалување на американските сили во Европа.

Запрашан за коментар, портпаролот на Пентагон, Кингсли Вилсон, одговори: „Како што рече претседателот Трамп, и покрај сè што САД направија за нашите сојузници од НАТО, тие не беа тука за нас.“

Фрустрација со Шпанија

Министерството за војна на САД ќе се погрижи претседателот да ги има веродостојните опции за американските сојузници да престанат да бидат само „тигри од хартија“ и да почнат да придонесуваат со својот дел – се посочува во документот на Пентагон.

Во исто време војната со Иран покрена сериозни прашања за иднината на воениот блок и предизвика невидена загриженост дека Соединетите Американски Држави можеби нема да им дојдат на помош на европските сојузници во случај на напад, велат аналитичарите и дипломатите.

Велика Британија, Франција и други земји веруваат дека приклучувањето кон американската поморска блокада на Ормускиот Теснец би значело влегување во војната, но тие исто така велат дека би биле подготвени да помогнат теснецот да остане отворен откако ќе се постигне траен прекин на огнот или ќе заврши конфликтот.

Конкретни мерки

Според службеникот, политичките опции наведени во е-поштата би имале за цел да испратат силен сигнал до сојузниците на НАТО со цел да им се даде на знаење дека не им припаѓа сè на нив. Опцијата за суспендирање на Шпанија од Алијансата би имала ограничено влијание врз воените операции на САД, но значително симболично влијание, се наведува во електронската пошта до која дојде Ројтерс.

Инаку, американските претставници, пак, бараат појасна поддршка. Според нив, вистински сојуз постои само кога партнерите дејствуваат заедно.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот