Домот за стари лица во Радовиш ставен во карантин

Дом за стари лица „Астереон“ Радовиш / Фото: Acтреон

Комисијата за заразни болести претпладне донела одлука Домот за стари лица во Радовиш да се стави во карантин, информираше за МИА државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој е и член на Комисијата.

– За здравјето на штитениците во Домот со одлуката на Комисијата ќе се грижат матичниот лекар, но и два пати во денот ќе доаѓаат лекар и медицински персонал од Здравствен дом Радовиш, рече Милошев.

Потврди дека од Домот за стари лица од коронавирусот се заразени десет лица, седум штитеници и тројца вработени, а четворица се на болничко лекување. Останатите се тестирани и се чекаат резултатите од тестовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот