Доминација на спринтерките од Јамајка, Фрејзер-Прајс до златото со рекорд на светските првенства

Најбрзите спринтерки на светот, Шели-Ен Фрејзер Прајс, Илејн Томпсон-Хера и Шерика Џексон/фото: ЕPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Атлетичарките од Јамајка ги освоија сите три медали на најпрестижната спринтерска трка, на 100 метри, на Светското првенство што се одржува во Јуџин, САД.

Златниот медал и припадна на Шели-Ен Фрејзер-Прајс со нов рекорд на светските првенства. Таа во финалната трка славеше со 10,67 секунди истрчувајќи го најбрзото време во историјата на СП, претходниот рекорд го држеше Американката Мерион Џонс со 10,70 секунди ко ги истрча во 1999 година.


Сребрениот медал го освои Шерика Џексон со време од 10,73 секунди, а доминацијата на спринтерките од Јамајка ја потврди олимписката шампионка од Токио, Илејн Томпсон-Хера со време од 10,81 секунди за трето место.

Четвртото место и припадна на Англичанката Дина Ашер-Смит која постави нов национален рекорд од 10,83 секунди.


Ова беше петти златен медал од Светските првенства на Шели-Ен Фрејзер-Прајс на 100 метри по триумфите во 2009,2013,2015 и 2019 година и стана првата спринтерка во историјата со пет триумфи на светските првенства. Фрејзер-Прајс исто така е и двојна олимписка шампионка од 2008 и 2012 година.

Американецот Грент Халовеј ја одбрани титулата на 110 метри метри со пречки. Халовеј кој на ЛОИ во Токио го освои сребрениот медал, во Јуџин славеше со време од 13,03 секунди и беше за 5 стотинки побрз од сонародникот Треј Канингем, додека брозната му припадна на Шпанецот Асиер Мартинез кој истрча време од 13,17 секунди што е негов личен рекорд.

Во финалето во фрлање ѓуле, доминираа Американците кои ги освоија сите три медали. Рајан Кразуер го одбрани златниот медал од СП 2019 година од Доха откако во Јуџин фрли 22,94 метри што е нов рекорд на светските првенства. Сребрениот медал го освои Џо Ковач со 22,89 метри, а брозанта Џош Авотунде ѓулето го фрли 22,29 метри.


Американките доминираа и во финалето во скок со стап каде ги освоија првите две места со ист резултат, 4,85 метри. Поради подобра серија златниот медал го освои актуената олимписка шампионка Кејти Наџет, додека Сенди Морис мораше да се задоволи со сребрениот медал. Бронзата ја освои Нина Кенеди од Австралија со 4.80 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот