Доменикали: Тимовите во Ф1 одбиваат милијарди, не сакаат да се продадат

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Растечката популарност на Формула 1 предизвикува голем интерес за влез во „циркусот“, а на сегашните тимови им се нудат астрономски суми да се продадат, но овие одбиваат, вели извршниот директор

Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, откри дека тимовите одбиваат понуди вредни „речиси милијарди“ за да се откажат од своето место во „циркусот“.

Документарната серија на Нетфликс „Drive to survive“ и експанзијата на Ф1 во Соединетите Американски Држави обезбеди раст на овој спорт како никогаш досега во последно време.

Затоа, Ауди беше привлечен да влезе како конструктор, првпат во својата историја (2026 година), а американскиот автомобилски гигант Фор ќе биде партнер со Ред бул.

И американскиот тим Андрети, исто така, упорно притиска да влезе.

Говорејќи преку официјалната веб-страница на Ф1, Доменикали откри дека многумина бараат место во Ф1 „циркусот“ што резултира со неверојатни понудени суми на сегашните тимови.

– Ако погледнете што се случи на толку краток рок во врска со вредноста на еден тим, пред две години таа беше околу 200 милиони фунти. Тоа изгледаше недостижно, бидејќи во минатото имаше тимови кои се продаваа за една фунта. Сега пазарот им нуди скоро милијарди на тимовите и тие го одбиваат тоа. Можете ли да го замислите тоа? – вели Доменикали.

И покрај тоа што ФИА отвори процес на изразување на интерес за да им овозможи на потенцијалните пријавени да поднесат формални барања, Доменикали верува дека сегашната бројка од 10 тима е доволна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот