Маска за лице од тиква/Фото: Pixel-Shot, Pixel-shot / Alamy / Profimedia

Домашната маска од тиква прави чуда за кожата на лицето: Ги спречува првите знаци на стареење

Вкусните тикви не се погодни само за неодоливи десерти, туку се идеални и за нега на кожата.

Кога ќе дојде есента и сезоната на тикви, често на нашата трпеза се наоѓаат топлите супи од тиква и вкусните пити. Освен за вкусни јадења, ви предлагаме да ја користите тиквата на поинаков начин оваа есен. Поради својот состав, тиквата има исклучително благотворно дејство врз убавината.

Содржи многу витамини – А, Ц и Е, кои се добри за кожата и ги спречуваат првите знаци на стареење. Исто така, постојат цинк, калиум и антиоксиданти кои ја смируваат и ја хранат кожата.

Како да ја вклучите тиквата во вашата рутина за убавина?

Подгответе освежителна и хранлива маска од пулпа („месото“) од тиква, која ќе ви обезбеди убава, здрава и сјајна кожа. Што е најдобро: лесно се прави, а состојките веќе ги имате дома.

Што ви е потребно?

– две лажици пулпа од тиква

– половина лажичка мед

– половина лажичка млеко или јогурт.

Подготовка и употреба:

Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса и нанесете ја со прстите на исчистено лице. Можете да ја ставите маската и на деколтето и вратот – во овој случај, дуплирајте ја количината на состојки. Оставете ја маската да делува околу 20 минути. Нежно отстранете ја со влажна крпа, потоа измијте го лицето и нанесете хранлив крем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот