Домашен декор: Класичната сина боја ќе ја одбележи 2020  

Instagram

Институтот за бои „Пантоне” откри која боја ќе биде во тренд за 2020-та.

Според престижниот Институт „Пантоне“, нијанса на годината 2020 ќе биде класично сината. Станува збор за безвременска сина нијанса, која е елегантна во својата едноставност. Потсетува на боја на небо и самрак, ја буди фантазијата и дава нота на сигурност. Па, поради тоа, ќе ја носиме како една од омилените бои на облека. Оваа нијанса совршено се вклопува и како боја на ентериер.

-Тоа е боја која нè потсетува дека мора да се вратиме на цврстите темели, на кои се изградени сите цврсти врски меѓу луѓето, но и меѓу предметите. Тоа е боја на исчекување, вели Лаурие Прессман, потпретседателката на Институтот „Пантоне”.

Кога станува збор за уредување на ентериерот, оваа кралска боја можеме да ја вметнеме во деталите, парчињата платна, како и на ѕидовите на нашите домови. Поентата е само да се пронајде баланс, за да не биде „премногу“ и да не почне да нè заморува.

Земајќи ги предвид предвидувањата на овој Институт кои досега биле апсолутно точни, веруваме дека класичната сина ќе биде избор за уредување на домовите на многумина од нас, во текот на следните години.

2017 година водечка боја беше зелена, 2018 година ултравиолетова, додека 2019 година помина во знакот на нијансата насловена „живо коралална“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот