Фото: Архива на „Слободен печат“

Докторка тужеше грчка болница зашто премногу работела — судот ѝ додели 20.000 евра

Суд во Грција ѝ досуди отштета од 20.000 евра на докторка која ја тужеше болницата каде работела поради исцрпеност предизвикана од прекумерната работа, објави „Екатимерини“.

Елени Јоаниду, специјалистка по интерна медицина која две децении работела во болницата во Ретимно на островот Крит, поднела оставка во јануари 2023 година, откако повеќепати предупредувала на недостигот од кадар, напорните работни распореди и прекумерниот обем на работа.

Подоцна ја тужела болницата, барајќи надомест за 180 дена неискористен одмор и за нематеријалната штета предизвикана од прекумерната работа.

Откако претходно добила надомест за неискористениот одмор, на 26 јуни, Управниот суд во Ханија ѝ досудил и отштета.

Судот утврдил дека условите за работа ѝ го нарушиле физичкото и менталното здравје поради постојаната исцрпеност.

Пресудата привлече големо внимание меѓу здравствените работници во цела Грција и се смета за прва судска одлука во земјата со која е досудена отштета за т.н. професионално согорување.

Лекарски бунт во БиХ — 32 доктори дадоа отказ поради ниските плати

Според адвокатот на Јоаниду, лекари и медицински сестри кои работат во слични услови стапиле во контакт со неа за да се информираат за можноста за покренување правни постапки.

„Оваа одлука покажува дека не сме беспомошни кога се прекршуваат нашите работнички права“, изјави Јоаниду.

Здравствените работници велат дека проблемот постои уште пред пандемијата на ковид-19.

Истражување спроведено во болницата „Евангелизмос“ во 2015 година покажало симптоми на професионално согорување кај 14,4 отсто од лекарите специјализанти кои учествувале во истражувањето.

Јоаниду вели дека пандемијата ги засилила постојните притисоци.

„Обемот на работа се удвои, а персоналот беше целосно исцрпен“, изјави таа.

Непополнетите работни места често останувале празни, а здравствените работници сѐ почесто заминувале во странство поради ниските плати и тешките работни распореди.

Лекарите и медицинските сестри ќе смеат да работат до 70 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот