Фото: Freepik

Доктор открива: Сите погрешно ги јадат јаболката, кивите и компирите

Епидемиолот, лекар и научен писател Тим Спектор сподели едноставен совет за подобро здравје што не бара дополнителен напор или трошок.

Во ТВ-емисијата „Што да не се јаде“, тој истакна дека при подготовка на овошје и зеленчук, треба да се постави едно прашање: Дали воопшто треба да се лупат?.

Спектор верува дека одговорот во повеќето случаи е јасен: не лупете. Како прва причина, тој ги наведе полифенолите, одбранбени хемикалии што ги произведуваат растенијата, а кои најчесто се наоѓаат во кората. Според него, овие супстанции го стимулираат растот на корисните цревни микроби, го зајакнуваат имунитетот и имаат бројни позитивни ефекти врз здравјето, пишува „Дејли експрес“.

Друга важна причина се влакната. Според здравствената организација „Бупа“, влакната помагаат во регулирањето на шеќерот во крвта, здравјето на дигестивниот систем, намалувањето на холестеролот и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Спектор ги наведе јаболката, кивито и компирите како примери, истакнувајќи дека кората на овие намирници содржи многу пати повеќе влакна и корисни соединенија од самото овошје.

Доколку лупењето е неопходно, Спектор советува да не се фрлаат лушпите. Тој предлага да се користат за печење во рерна со малку маслиново масло и сол, што претставува едноставна и вкусна закуска. Неговите тврдења се поткрепени со научни истражувања кои потврдуваат дека лушпите од многу видови овошје и зеленчук содржат вредни биоактивни соединенија и диететски влакна важни за нутритивниот квалитет на храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот