Доколку игра во Австралија, Ѓоковиќ го дозна првиот ривал во 2022 година

Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија/Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот доколку одлучи да настапува во Австралија, веќе го дозна првиот противник со кој ќе ги одмери силите во 2022 година.

И натаму првиот светски рекет не потврдил, ниту демантирал дека ќе игра за Србија на АТП купот. Тој се наоѓа на листата пријавени играчи, но тоа не значи дека со сигурност ќе настапува.

Доколку има официјална информација дека Ѓоковиќ ќе оди во Австралија, тогаш и се знае против кој ќе ја започне сезоната.

На 1 јануари Србија ќе игра против Норвешка во рамките од групната фаза на АТП купот, а за скандинавската селекција е потврдено дека ќе учествува Каспер Руд.

И токму Руд би можел да биде првиот ривал на Ѓоковиќ на тој турнир. Двајцата играчи двапати се сретнаа во кариерата во кои славеше српскиот ас.

Наскоро се очекува Ѓоковиќ да ги соопшти плановите за почетокот на сезоната, кој е стандарно во Австралија, држава која има строги мерки за невакцинираните против ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот