Доколку го освои „Вимблдон“, Ѓоковиќ ќе го урне рекордот на легендарниот Лејвер

Ноле годинава атакува на „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Победа во Лондон му гарантира на српскиот тениски ас 20 грен слем титула и израмнување со легендарниот Австралиец.

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ од Србија! Ова тврдење би можело да се оствари веќе на овогодинешното издание на најстариот тениски турнир во светот, „Вимблдон“.

Бројните дебати за тоа кој треба да ја освои титулата „најдобар на сите времиња“, дали Рафаел Надал, Рожер Федерер или Новак Ѓоковиќ, би можеле да завршат доколку Србинот го освои својот шести „Вимблдон“, и вкупно 20 грен слем титула.

Шпанецот и Швајцарецот имаат само толку, па доколку ги стигне Ѓоковиќ, дури и тогаш тој би бил најдобар тенисер во историјата, со оглед на тоа што има позитивен меѓусебен скор и против двајцата (30:28 против Надал, 27:23 против Федерер), и тој е освојувач на сите мастерси најмалку двапати, со што не можат да се пофалат двата најголеми ривали на Ноле.

Уште еден фасцинантен факт кој говори дека Ѓоковиќ е навистина на два чекори од „бесмртноста“ е тоа што тој има можност да ги освои првите три грен слема во низа во една сезона, уште од славниот Австралиец Род Лејвер, уште во 1969 година!

Доколку победи и на „УС Опен“, Србинот на тој начин ќе ги комплетира сите четири слема во сезоната, што му успеал само на гореспоменатиот Лејвер во 1962 и 1969 година, но не и во отворената ера. Круна на кариерата на Ѓоковиќ сигурно би било освојувањето на Олимписките игри во Токио, со што би го освоил „златниот“ слем (сите четири слемови и Летната Олимпијада во Јапонија).

Ѓоковиќ не го потценува Шаповалов: Мора да го прикажам најдобриот тенис доколку сакам финале на Вимблдон

Пред тоа, за официјално да се искачи на тенискиот трон како недопирлив, Ѓоковиќ в петок во полуфиналето мора да го совлада Канаѓанецот со руско потекло Денис Шаповалов, млад тенисер кој нема што да загуби во своето прво полуфинале на еден грен слем.

– Ќе се подготвам, знам што ме чека, имавме неколку добри дуели. Се надевам дека ќе бидам во својата врвна форма бидејќи тоа е потребно за победа – вели Ѓоковиќ, кој води со 6:0 во пресметките со канадскиот натпреварувач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот