Додик и Човиќ се договорија: СНСД и ХДЗ партнери на сите нивоа на власта

Фото: Н1

Претседателите на Сојузот на независни социјалдемократи и Хрватската демократска заедница на БиХ, Милорад Додик и Драган Човиќ, на состанокот во Мостар се договорија да бидат партнери на сите нивоа на власт во Босна и Херцеговина, објави Нова.рс.

„СНСД нема да влезе во владините структури без ХДЗ, а ХДЗ нема да влезе во владата без СНСД. Нашите две партии, за кои претходно меѓународната заедница велеше дека се проблем, сега се појавуваат како решение за брзо формирање влада“, изјави Додик.

Додик истакна дека партнерството за кое долго време се знаело дури денеска е официјално потврдено.

„Имаме разлики во политиките, но не ги туркаме во прв план, туку ги оставаме за подобри времиња. Пред се мислам на ставот за НАТО. Никаде нема потреба од конфронтација“, изјави Додик.

Според неговите зборови, двете партии се подготвени за конститутивната седница на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, на која за краток временски период ќе бидат завршени сите потребни работи, а во наредниот период ќе се обидат да ги деблокираат процесите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот