Доделувањето на Оскарите го гледале 17,9 милиони гледачи – помалку од лани
Годинашното доделување на Оскарите привлече 17,86 милиони гледачи на „Еј-би-си“ и „Хулу“, што е намалување од 9 проценти во однос на минатогодишните 19,7 милиони.
Препорачано
Ова ја направи овогодинашната церемонија најмалку гледан телевизиски пренос на доделување на наградите „Оскар“ од 2022 година.
Телевизискиот пренос имаше просечна оценка од 3,92 кај возрасните на возраст од 18 до 49 години, што е намалување од минатогодишните 4,54, но зголемување од 3,82 во 2024 година.
И покрај падот на гледаноста, 98. доделување на Оскарите се смета за највисоко оценет телевизиски пренос во ударниот термин за сезоната 2025/2026, според „Дизни“.
Падот на гледаноста на церемонијата, чиј водител беше Конан О’Брајан, доаѓа во услови на слични трендови на другите големи доделувања на награди оваа зима. „Златните глобуси“ се намалија за 6 проценти, од 8,66 милиони гледачи во јануари, додека наградите „Греми“ исто така паднаа за 6 проценти, на 14,4 милиони гледачи во февруари.
Според „Нилсен нешнал лајв“, Оскарите беа најгледаната програма во неделата, и во целина и кај сите клучни демографски групи.
Во исто време, имаше значително зголемување на активноста на социјалните медиуми. „Еј-би-си“ соопшти дека импресиите се зголемиле за 42,4 проценти на 184.314.370, додека социјалните платформи на Академијата пораснале на 21,6 милиони, во споредба со 19,7 милиони претходната година. Во текот на вечерта беа забележани и повеќе од 129 милиони прегледи на видеа.
Ова е прв пад на гледаноста на Оскарите за пет години. По рекордно ниските 10,4 милиони гледачи во 2021 година, церемонијата забележа континуиран раст: 16,6 милиони во 2022 година, 18,8 милиони во 2023 година, 19,5 милиони во 2024 година и 19,7 милиони во 2025 година.
Водителот Конан О’Брајан постигна солидни резултати втора година по ред, а извршниот потпретседател на „Дизни“, Роб Милс, рече дека О’Брајан може да остане на улогата ако сака.
На „Дизни“ му остануваат уште две години од договорот за емитување на Оскарите, кои ќе се прикажуваат на „Еј-би-си“ и „ХУлу“ во 2027 и 2028 година. Новиот договор на Академијата соЈутјуб ќе стапи на сила во 2029 година, од 101-та церемонија, со права за емитување обезбедени најмалку до 2033 година.


