Доделувањето на MTV музичките награди сепак ќе се одржи во Њујорк кон крајот на Август! (ФОТО)

инстаграм

Доделувањето на MTV музичките награди ќе биде оддржано кон крајот на август во Њујорк, потврдиле од MTV и гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо. Се уште не е познато дали тие ќе се одржат пред ограничен број на публика или без.

Доделувањето на наградите ќе биде првата манифестација од почетокот на пандемијата која ќе се оддржи физички, а не преку видео-запис, пренесува сајтот Telegraf.rs.

Одборот на MTV и градоначалникот Куомо напоменале дека на доделувањето на наградите на 30 август во Центарот „Barklis“ во Бруклин ќе се придржуваат кон пропишаните епидемиолошки мерки и дека што се однесува на публиката, таа ќе биде во ограничен број или пак воопшто нема да ја има, пренесува Reuters.

Арената има капацитет од 19 илади места, а од MTV нагласуваат дека строго ќе се почитува социјалната дистанца помеѓу посетителите, а поедини делови на настапите ќе се одржат покрај некои од знаменитостите на Њујорк.

Се уште не се знае колку изведувачи ќе настапат. Како што пишуваат светските медиуми, деталите и можните опции ќе бидат објавени подоцна на основа на епидемиолошката ситуација во Њујорк, кој во еден момент беше најтешко погоден од пандемијата со коронавирусот во Соединетите Американски Држави.

Доделувањето на наградите е традиционално собирање на најголемите музички ѕвезди кои настапуваат во живо и е еден од најголемите случувања во оваа индустрија. Изведувачите и номинациите на наградите се уште не се објавени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот