Фото: Монтажа

ДНК-анализата потврди: телото најдено во буре е на српскиот мафијаш Баја

Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до Вишото јавно обвинителство во Белград денеска доставило извештај за идентификација на останките што беа пронајдени на 21 мај 2026 година во буре, кое беше ископано на Сењак, пренесува Н1.

Според обвинителството, со ДНК анализата е утврдено дека станува збор за А. Н., чие исчезнување е пријавено на 13 мај 2026 година.

Поради кривичното дело тешко убиство извршено на штета на А. Н. на 12 мај 2026 година во ресторанот „27“ и други кривични дела поврзани со истото, Вишото јавно обвинителство во Белград спроведува обемна истрага против 11 лица, беше објавено.

Телото е пронајдено на 21 мај во буре на територијата на општина Инџија, во присуство на јавни обвинители на Вишото јавно обвинителство.

Нешовиќ, познат како Баја кој имал сериозно криминално портфолио, наводно бил убиен во ресторанот „27“ во Сењак. Сомнежите се дека бил застрелан од Саша Вуковиќ, познат како Бошке, во присуство на поранешниот началник на белградската полиција, Веселин Милиќ, кој заедно со уште тројца полицајци од неговото обезбедување учествувал во отстранувањето на трагите од злосторството.

Притвор е одреден за 11 луѓе, меѓу кои и за поранешниот началник на полицијата Веселин Милиќ. Милиќ е обвинет за кривични дела непријавување кривично дело и помагање на сторителот по извршувањето на злосторството – со цел прикривање на тежок обид за убиство.

 

Пронајдено е тело во буре, изгледа е на мафијашот Баја — Вучиќ „не можел да потврди дека Милиќ е соучесник во убиството“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот