Дизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива не се менуваат

Горива бензин дизел
Илустрација: Точење гориво на бензинска станица / Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 82,00 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 81,50 денар по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 денари по литар, а на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 денари по литар. Цената на Мазутот М-1 НС е 47,174 денари по килограм.

Од РКЕ соопштија дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508%, кај дизелот за 2,946%, кај екстра лесното масло за 2,379% и кај мазутот намалувањето е за 1,858%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот