Дивеењето на хулиганите го затвори стадионот во Тирана на еден натпревар

Албанските навивачи го прекинаа натпреварот против Полска/ фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Прекинот на натпреварот кој се играше во Тирана во рамки на квалификациите за СП 2022 година помеѓу Албанија и Полска денеска доби епилог.

Дисциплинската комисија на ФИФА ја казни Албанската фудбалска федерација со 150.000 швајцарски франци и следниот натпревар против Андора во квалификациите ќе го игра пред празни трибини.

Албанската фудбалска федерацијаво своето соопштение изрази жалење поради казната, а имаше порака и до навивачите поради кои дојде до прекин на натпреварот, а таа е дека се надева оти повеќе нема да се појават на стадионот кога ќе игра репрезентацијата.

Дисциплинската комисија на ФИФА исто така ја казни и фудбалската федерација на Полска и тоа со 50.000 франци, а на нејзините навивачи нема да им биде дозволено да патуваат со репрезентацијата на гостувањето во Андора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот