Директорот на НАСА го поздрави успешниот старт на кинеската ракета кон Марс

Фото: НАСА

Директорот на националната администрација за аеронаутички и вселенски истражувања, Џејмс Брејденстајн, ја поздрави Кина со успешното лансирање на ракетата -носител CZ-5 (Чанчжен-5) со првата кинеска сонда за испиувања на Марс „Тјанвен-1″.

Кина е на пат да стане дел од заедницата на меѓународни науќни истражувачи на Марс, соопшти тој на Твитер.

„САД, Европа, Русија, Индија и наскоро ОАЕ, ви велат добредојде на Марс, за почеток на возбудлива година на научни откритија. Добар пат на Тјанвен-1!“, соопшти денеска директорот на НАСА.

Кинеската ракета стартуваше од космодромот Венчан на 23 јули околу 12.40 часот по локално време (8:40 по централно европско). Ракетата треба растојнието од Земјата до Марс (кое варира од 55 милиони до 400 милиони километри), да го помина за седум месеци а сондата да влезе во орбитата на Црвената планета и да орбитира уште околу три месеци за да направи фотографии од нејзината површина и да врши мерења.

Потоа, сондата ќе се спушти на површината на Марс, каде во употреба ќе стапи марсоход за испитувања на површината, состав на почвата, карактеристики на атмосферата и климатските услови, но и ќе трага по вода и признаци на живот.

Кина лансираше вселенско летало на Марс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот