Кина лансираше вселенско летало на Марс

Фото: НАСА

Кина во 2011 година заеднички работеше со Русија за испраќање летало на Марс, но мисијата не успеа.

Кина лансираше бесспилотно вселенско летало кон Марс од космодромот Ванчан, на јужниот кинески остров Хајнан.

Вселенското летало „Тјанван-1″ ќе помине најмалку 55 милиони километри за до февруари да пристигне на Марс, каде ќе ја истражува атмосферата и површината на Црвената планета.

„Тјанван-1″ ќе атерира на Марс и ќе испрати робот, кој ќе ја испитува површината на планетата.

Тоа е прва самостојна кинсека мисија до друга планета и ако биде успешна, Кина ќе биде трета земја по САД и поранешниот Советски Сојуз, која испратила сонда на Марс.

Кина во 2011 година заеднички работеше со Русија за испраќање летало на Марс, но мисијата не успеа.

Осум сонди – американски, европски и индиски се во орбитата на Марс или на површината на Црвената планета. Во неделата Обединети Арапски Емирати од Јапонија лансираа сонда кон Марс, а во следните месеци се очекува нова американска мисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот