Директорот на Кумановскиот театар ги отфрли обвинувањата на вработените дека ги повикал на работа

-Актерската екипа не е повикана да доаѓа на работа, туку со по едно лице од техниката се договоривме неделава да го отвораме театарот по час два, бидејќи долго време е затворен, одговори утрово директорот на Кумановскиот театар, Сашо Тодоровски, на обвинувања дека ги повикал вработените на работа во услови на пандемија.

-Театарот во Куманово минатата недела воопшто не работеше, бидејќи во услови на пандемија нема потреба за такво нешто, но се слушнав со претпоставениот на техниката и решивме од понеделник да ја отвориме зградата по час два…по еден човек доаѓа од техниката… не станува збор за враќање на актерската екипа на работа“, вели Христовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој, меѓу другото, се пофали дека идејата за онлајн-претстави во време кога граѓаните седат дома, всушност  е започната од кумановските актери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот