Фото: Телма / скриншот

Директорите на М-НАВ без тендер ангажирале адвокати за 200 евра на час

Менаџерскиот тим на Македонска навигација (М-НАВ) плаќа адвокатско друштво за услуги по цена од 200 евра за час, без ДДВ, објави „СДК.мк“.

Во Договорот до кој дошол порталот, склучен лани во декември, е наведено дека во старт за два дена (за 48 часа) на адвокатското друштво М-НАВ ќе му исплати 9.600 евра – пари за кои пишува дека се само за „првичниот момент“.

„Сите останати правни советувања кои не се опфатени во Фаза 1 и Фаза 2, адвокатското друштво ќе ги наплаќа по стандардната часовнина од 200 евра (12.000 денари) плус ДДВ“, стои во договорот, под овие договорени 4.800 евра, плус 4.800 евра за два дена преглед на документи. Оваа ставка е именувана за во иднина, како „справување во останати правни ситуации“.

Meнаџерскиот тим на М-НАВ посебно плаќа и адвокати за битката со Синдикатот на контролори на летање, а неофицијално, има ангажирано и други адвокати или адвокатски друштва, покрај бројните партиски вработувања на кадри со правен факултет за кои веќе нема ни простории и столчиња, како и советници на советниците на директорите и на цела правна служба во институцијата, пишува „СДК.мк“.

М-НАВ е акционерско друштво во државна сопственост, кое е задолжено за контролата на летови над земјава. Компанијата не се финансира од државниот буџет, туку од парите што авиокомпаниите ги плаќаат за прелети над Македонија, кои ги собира и распределува европската агенција Еуроконтрол. Македонска навигација произлезе од Агенцијата за цивилно воздухопловство, во чии рамки се извршуваше оваа функција до 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот