Францускиот претсердател Макрон се подбива со Трамп - Извор Х

Дипломатска иронија продолжува: Кралот Чарлс прв се подбиваше со Трамп, не остана покус ниту Макрон

Британскиот крал Чарлс Трети за време на вчерашната државна вечера во Белата куќа, на интересен и сатиричен начин успеа да му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп со хумористична забелешка за време вечерата пред присутните, алудирајќи на неговата претходна изјава дека без американска помош во Втората светска војна, Европејците денес би зборувале германски. Осврнувајќи се на колонијалното минато, Чарлс со хумор забележа дека ако не беа Британците, Американците веројатно денес би зборувале француски.

Неколку часа подоцна на оваа шега се надоврза и францускиот претседател Емануел Макрон. Тој реагираше на социјалните мрежи, пишувајќи на платформата Х дека „Тоа би било шик!“, заедно со краткото видео во кое кралот Чарлс му се потсмева на американскиот претседател Трамп.

Во својата здравица на гала вечерата, британскиот крал Чарлс се осврна на коментарите на Трамп на самитот во Давос во јануари, каде што американскиот претседател ги обвини тогаш европските сојузници дека се потпираат на воената помош на САД уште од Втората светска војна.

– Неодамна коментиравте, господине претседателе, дека да не беа САД, европските земји ќе зборуваа германски. Би се осмелил да кажам дека, да не бевме ние, вие ќе зборувавте француски – се пошегува Чарлс.

Трамп ја нападна Данска: Без нас, денес сите ќе зборувавте германски и јапонски, вие сте неблагодарни

Забелешката на кралот се осврна на историското соперништво меѓу британските и француските колонијални сили кои се бореа за доминација на северноамериканскиот континент пред САД да прогласат независност пред 250 години.

Снобовски хумор во Белата куќа, кралот Чарлс го пецна Трамп: Да не бевме ние, вие ќе зборувавте француски

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот