Доналд Трамп во Давос

Трамп ја нападна Данска: Без нас, денес сите ќе зборувавте германски и јапонски, вие сте неблагодарни

Имам голема почит кон народот на Данска и Гренланд. Но, секоја членка на НАТО мора да може да ја брани својата територија. Ние сме единствената сила, голема сила, што може да го направи тоа. Ја видовме Данска како паѓа во 6 часот наутро во Втората светска војна. Тие немаа шанса, а се обидоа. Се боревме да ја спасиме Данска, тоа големо, убаво парче мраз“, рече американскиот претседател Доналд Трамп во својот говор во Давос.

Според Трамп Данска без САД нема да можела да се одбрани во Втората светска војна.

Без нас, сите денес ќе зборуваа германски и јапонски. Потоа ѝ го дадовме Гренланд на Данска, каква грешка, колку се неблагодарни“, додаде тој.

Во 2019 година, Данска вети дека ќе ја зајакне одбраната на Гренланд. Лидерите на Данска се добри, ги почитувам, но само Соединетите Држави можат да го бранат тоа огромно парче земја. И затоа барам итни преговори за преземање на Гренланд. Нема ништо лошо во тоа“, продолжи Трамп.

Трамп, исто така, ја нападна Велика Британија во својот говор.

„Велика Британија произведува само една третина од целата енергија од сите извори во споредба со 1999 година. Замислете го тоа? Една третина, а тие се наоѓаат на врвот на Северното Море, една од најголемите резерви насекаде во светот, но не ја користат. Тоа е една од причините зошто нивната енергија достигна катастрофално ниско ниво со подеднакво високи цени“, вели тој.

Даваме толку многу на НАТО, а не добиваме ништо за возврат, подсети Трамп.

„Гренланд е огромна, речиси целосно ненаселена и неразвиена област што стои незаштитена на клучна стратешка локација помеѓу Соединетите Американски Држави, Русија и Кина. Таму има огромно богатство од ретки минерали, а за да стигнете до нив мора да пробиете стотици метри мраз. Но, тоа не е причината зошто ни е потребно. Гренланд ни е потребен за стратешка национална и меѓународна безбедност.„Овој огромен, незаштитен остров е всушност дел од Северна Америка, на северната граница на Западната хемисфера – тоа е наша територија“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот