Динамо бара Мамиќ да врати назад 21 милион евра

Фото: EPA/ANTONIO BAT

Продолжува аферата околу Динамо Загреб и поранешниот прв човек на клубот, Здравко Мамиќ. Денешното рочиште донесе неочекуван пресврт откако актуелното раководство одлучи по судски пат да ги бара парите што Мамиќ и неговите соработници ги украле од клубот.

Неколку години Мамиќ е во бегство и се наоѓа во Босна и Херцеговина и од таму ги коментира случувањата во хрватскиот фудбал. Според денес изнесените докази, Мамиќ ја има оштетерно клупската каса на Динамо за точно 7.311.316 евра. Најмногу од сите се бара од неговиот син Марио Мамиќ за кој клубот тврди дека украл 11.437.082 евра, додека екс-директорот Зоран Мамиќ се обвинува за 251.477 евра.

Обвинителството поднесе докази со кои покажа како Мамиќ успеал да формира „злосторничко здружение“ кое имало за цел да извлекува пари од клубот и да ги враќа во семејството Мамиќ.

Обвинителниот акт има 700 страници и во него е наведено дека во период од 2004 до 2015 година Мамиќ преку склопување и исплаќање на фиктивни договори со повеќе странски компании од разни земји на разни начини го оштетувал клубот.

Во описот на исплатите биле наведувани непостоечки услуги за трансфери на фудбалерите, кои клубот ги плаќал од својата сметка, а потоа тие пари се враќале назад на сметките на Мамиќ или членови на неговото семејство. Според обвинителството, станува збор за сума од вкупно 19,1 милиони евра, што сега Динамо по судски пат си ги бара назад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот