Димоски се раздели со Академија Пандев и се сели во Русија

фото: ФК Академија Пандев

Бојан Димоски преку социјалните мрежи ја објави разделбата со својот досегашен клуб Академија Пандев.

Воедно 21-годишниот фудбалер му се заблагодари на Горан Пандев кој продаде 90% од акциите на ФК Академија Пандев, а потоа пристигна и официјална потврда кој е купувачот.

– Благодарам за СЀ Академија Пандев и Горан Пандев. Ми беше чест и задоволство во изминативе 3 години да го носам овој дрес. Ви посакувам здравје, среќа и успеси понатаму – стои во објавата на Димоски.

Нов клуб на левиот бек ќе биде рускиот второлигаш Акрон Тољати, со кој потпиша долгорочен договор. Оваа екипа минатата сезона во руската втора лига го освои деветтото место.

Пред да се пресели во Струмица одбранбениот играч ги бранеше боите на ФК Вардар. Моментно тренира со најдобрата А репрезентација која се подготвува за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина и Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот