Oфицијално: „Брера холдинг“ е компанијата која купи 90% од Академија Пандев

Фото: Brera Holdings PLC

Пред три дена беше објавено дека Горан Пандев продал 90% од акциите на Академија Пандев, а сега пристигна и официјална потврда кој е купувачот.

Компанијата од Милано „Брера холдинг“, која претходно го најави партнерството со македонската фудбалска легенда, официјално денеска потврди дека станала сопственик на струмичкиот клуб.

За сума од 603.000 евра, „Брера“ откупила 90% од вкупните акции на Академија Пандев.

„Брера“ е трет клуб од Милано по гигантите Интер и Милан. Купувањето беше најавено и минатата година со излегувањето на берзата во Њујорк.

„Брера Холдинг продолжува да ја имплементира својата меѓународна стратегија. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирање во „Брера“ имаме намера да ги подобриме перформансите на тимот и идеално да се подготват фудбалерите на трансфер пазарот“, изјави директорот на компанијата Серџо Скалпели.

Академија Пандев го најави партнерството со италијанскиот фудбалски клуб Брера Милано

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот