Академија Пандев го најави партнерството со италијанскиот фудбалски клуб Брера Милано

Академија Пандев со нови почетоци за нови успеси/фото: facebook.com/fkakademijapandev

Фудбалскиот прволигашки клуб Академија Пандев има нови големи амбиции со цел во иднина да оствари уште поголеми успеси.

Струмичани велат дека е потребно е да се биде отворен за соработки и подготвени да му се спротивставите на конвенционалното.

Го најавија новото големо партнетство со италијанскиот фудбалски клуб Брера од Милано. Во продолжение целото соопштение на ФК Академија Пандев за јавноста:

– Нови почетоци за нови успеси. Да се биде најдобар, меѓу другото, подразбира и да се биде иновативен, отворен за соработки и подготвен да му се спротивставиш на конвенционалното. На огромно задоволство би сакале да ви го најавиме нашето ново големо партнерство со италијанскиот фудбалски клуб Брера од Милано – почеток на една нова ера во фудбалот преку иновативен и современ пристап кон фудбалското работење и една сосема поинаква и возбудлива приказна – информираат од ФК Академија Пандев.

Во новата сезона од шампионатот моментно „пандевци“ се на седмата позиција со седум бодови, 14 помалку од водечката екипа на Струга Трим Љум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот