Димковски: Развојни мерки и решавање на проблемите во интерес на земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска ги презентираше дел од предностите кои им следуваат на земјоделците со измените и дополнувањата на Законот за земјоделско земјиште кои Собранието ги изгласа минатата недела.

Со измените се овозможува изградба на објекти за промоција на земјоделските производи и објекти за спортско рекреативни активности, а за првпат одгледувачите на пчели добиваат можност да земат државно земјоделско земјиште, и тоа со намена за поставување на пчелни семејства.

Младите земјоделци до 40 години се ослободуваат од плаќање закупнина во првите 3 години од склучување на договорот за закуп.

– Со овој пакет на измени донесовме многу развојни мерки, нови политики и решавање на проблеми во интерес на земјоделците. Се стимулираат младите во државата да се занимаваат со земјоделство, создаваме поволни услови за нивна поголема вклученост во земјоделството и за започнување сопствен бизнис во агро секторот. Овозможуваме правилна распределба на земјоделското земјиште и го враќаме на вистинските земјоделци – истакна Димковски.

Со новиот Закон за земјоделско земјиште се овозможува правилна распределба и еднаков третман на сите кои сакаат да закупат државно земјоделско. Имено, сега и земјоделците кои веќе имаат добиено површини до 3 ха ќе имаат право на учество на оглас и проширување на својот земјишен фонд до 10 хектари. За првпат се овозможува измена на бизнис планот, како и промена на земјоделската култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот