Димитријевиќ постигна 13 поени, Уникс загуби од Локомотив на стартот од финалната серија

Фото: nenodimitrijevic/instagram

Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ на стартот од плеј-офот во финалната серија во шампионатот на Русија запиша пораз од Локомотив Кубан со 76:88.

Во втората четвртина Уникс успеа да направи пет поени предност со кои замина на пауза (42:37). Се обиде Уникс да се врати, меѓутоа Локомотив пружи силен отпор и не дозволи пресврт.

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 13 поени, три скокови и и пет асистенции, беше еден од најдобрите кај својот тим. Вториот натпревар од серијата се игра в понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот