Димитријевиќ и Хувентус елиминирани од Еврокупот

twitter/Club Joventut Badalona

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентус ги завршија настапите во Еврокупот откако денеска загубија и во вториот натпревар против Виртус Болоња.
Овој пат Хувентус е поразен на домашен терен со 78:84 и со 0:2 во победи ги заврши настапите во четвртфиналето.
Италијанскиот тим беше подобар во првото полувреме кое го реши во своја корист со 31:43, а со одличната игра продолжија и во третиот период кога дојдоа до предност од дури 23 поени (32:55). По ова големо водство, домашните кошаркари како да се разбудија, заиграа далеку подобро и во последната четвртина дури и дојдоа во водство (72:71), но немаа сили да триумфираат на крајот.
Димитриевиќ помина 13 минути на паркетот и за тоа време постигна седум поени и имаше три скока, а најзаслужи за вториот триумф и пласманот во наредната рунда беа Вимс со 18 и Теодосиќ со 17 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот