Димитриевски и Рајо Ваљекано се враќаат во шпанската „Ла Лига“

Фото: ФФМ

Рајо Ваљекано следната натпреварувачка сезона 2021/2022 ќе биде дел од најсилната шпанска фудбалска лига..

Во плеј-офот иако во првиот натпревар славеше Жирона со 2:1, на денешниот реванш Рајо успеа да ја анулира негативата триумфирајќи со 2:0.

Како што е познато Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативен голман поради настапите на Европското првенство не можеше да биде дел од овие мечеви, но секако со голема радост ја прими веста дека неговиот клуб повторно ќе биде дел од елитата.

Димитриевски беше стандарден во првиот тим на Рајо (запиша 28 настапи сезонава), а сега во последните дуели шанса доби синот на легендарниот Зинедин Зидан, Лука кој имаше 15 настапи во Сегунда.

Да додадеме уште дека нашиот чувар на мрежата има договор со Рајо Ваљекано до 30 јуни 2024 година. Димитриевски исто така ја сподели радоста на својот Твитер профил и ги поздрави соиграчите, горд на нив.

Еве кои 20 екипи ќе играат следната сезона во „Ла Лига“: Алавес, Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Барселона, Кадиз, Селта Виго, Елче, Еспањол, Хетафе, Гранада, Леванте, Мајорка, Осасуна, Рајо Ваљекано, Бетис, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Севиља, Валенсија и Виљареал.

ФОТО: Димитриевски во тимот на колото на ЕП заедно со Роналдо и Гризман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот