Димитриевиќ и Витингтон остануваат во самоизолација во Шпанија

Македонските кошаркарски репрезентативци, Ненад Димитријевиќ и Шејн Витингтон, засега, остануваат во Шпаија иако ситуацијата со коронавирусот во оваа земја станува се потешка.

Шпанската АЦБ лига идентично и на останатите лиги низ Европа е прекината а по состанокот со клубовите во понеделникот е одлучено е дека сезоната нема да продолжи пред 24.април.

Кошаркарот на Хувентуд, Ненад Димитриевиќ времето во карантин го помина заедно со својата помлада сестра која исто така настапува во Шпанија.

– Далеку од тоа дека ситуацијата е добра. Не е добра, се гледа тоа на секој чекор во градот кој за разлика од други денови е скоро па пуст, што е една неверојатна глетка. Она што е сигурно е дека останувам тука. Подобро кажано, морам да останам. тоа е ставот на клупското раководство, и тоа мора да се почитува. Тоа е барем засега – вели Димитриевиќ за сајтот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ).

Во Шпанија, поточно во Севиља останува и вториот македонски репрезентативец, Шејн Витингтон.

– Во овој момент, што се вели, сеуште сме тука, во Шпанија. Раководството на клубот не ни даде дозвола да заминеме дома. Тоа би можел да го кажам во овој момент, затоа што нешто повеќе од тоа и не знаеме. Не само јас, туку и сите други кошаркари кои се странци – зборува Шејн Витингтон.

За разлика од Димитриевиќ и Витингтон, репрезентативците кои настапуваат во Франција, Војдан Стојановски и Стојан Ѓуроски, веќе си дојдоа во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот