Димитар Митровски повикан за натпреварите против Италија и Малта

фото: facebook.com/nogometni.klub.varazdin

Селекторот на македонската А фудбалска репрезентација, Благоја Милевски наскоро треба да го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета за новите натпревари од квалификациите за ЕП 2024.

На 9 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје нашите најдобри фудбалери ќе играат против актуелниот европски шампион Италија, а три дена подоцна ќе ѝ гостуваат на Малта.

Хрватскиот клуб Вараждин објави дека во составот на повикани во македонската репрезентација ќе биде и Димитар Митровски (24) кој игра на позицијата десно крило и може да придонесе во делот на нападот.

– Нашиот Димитар Митровски е на списокот за претстојните натпревари на Македонија. Ти честитаме Димитре – со среќа! – стои во објавата на НК Вараждин.

Инаку Вараждин има добар почеток во новата сезона од хрватскиот шампионат, нема пораз по првите четири кола, се наоѓа на четвртото место со шест бодови.

Митровски редовно има настапи, веќе и двапати се запиша во листата на стрелците, по еден гол во мечевите со Славен Белупо (2:2) и Локомотива Загреб (3:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот