Дијаз-Канел: САД потрошија милијарди и пак не успеаја да ја уништат Куба

EPA-EFE/OMARA GARCIA

Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека САД не успеале во напорите да ја уништат Куба.

Неговата изјава уследи еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден наведе дека Куба е „пропадната држава која ги угнетува своите граѓани”.

„САД не успаеја во напорите да ја уништат Куба,иако на тоа потрошија милијарди долари“ напиша на Твитер Дијаз-Канел, пет дена по протестите, во кои повредени се десетина луѓа, а повеќе стотици се уапсени.

Бајден вчера истакна рече дека разгледува неколку планови за помош на Куба, како испраќање вакцини против Ковид-19 и повторно воспоставување на мобилен интернет.

„Ако претседателот Џо Бајден навистина се грижи за кубанскиот народ, тој би можел да ги укине 243-те мерки воведени од претседателот Доналд Трамп, вклучително и над 50 брутално изречени за време на пандемијата, како прв чекор кон ставање крај на блокадата“ посочи Дијаз-Канел.

Американското ембарго кон Куба е во сила од 1962 година, а беше заострено за време на мандатот на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот