ФОТО: Преку масовни протести во Куба се бара оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел

Фото: EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Илјадници Кубанци вчера излегоа на улиците низ целата земја и извикувајќи „слобода” побараа оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел.

Според светските агенции, ова се „најголемите антивладини протести во комунистичката земја во последните неколку децении”.

Фото: EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Протестите избувнаа во екот на најтешката економска криза од распадот на Советскиот Сојуз, поранешен сојузник на Куба, но и рекорден број заразени со коронавирус, а луѓето го креваат својот глас поради недостиг на храна, кршење на граѓанските слободи и начинот на кој владата се бори против пандемијата.

Илјадници вчера се собраа во главниот град на Куба, Хавана, барајќи Дијаз-Канел да си замине од власта, додека владините приврзаници носеа кубански знамиња и го извикуваа името на поранешниот лидер Фидел Кастро.

На улиците имало и џипови на специјалните единици, кои носеле пушки, а присуството на полицијата било големо дури и откако демонстрантите си заминале дома.

Фото: EPA-EFE/Yander Zamora

Лидерот на кубанската Комунистичка партија Дијаз-Канел, во телевизиски говор за немирите ги обвини САД кои во изминатите години го засилија повеќедецениското трговско ембарго.

Тој верува дека голем број демонстранти биле искрени, но биле изманипулирани од САД, кои „ја организирале кампањата на социјалните мрежи, со помош на платеници на теренот”.

Кубанскиот претседател предупреди дека нема да се толерираат нови провокации, и ги повика неговите приврзаници да се спротивстават на ваквите провокации.

Вршителката на должност заменик државен секретар Џули Чунг изјави дека е длабоко загрижена поради „повиците за борба” на Куба, додавајќи дека САД стојат зад правото на кубанскиот народ на мирно собирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот