дијана хрка фото: скриншот/X

Дијана Хрка штрајкува со глад деветти ден — утринава топовски удар го стресол „Ќациленд“?

Дијана Хрка, мајка на една од 16-те жртви на уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе деветти ден пред Собранието на Србија, во близина на шаторите во кои престојуваат приврзаниците на власта, каде што, според нејзините објави утринава, бил испукан топовски истрел, објави „Данас“.

Според објавата на Хрка на Инстаграм, топовскиот истрел бил испукан во 6:40 часот, а таа објави и фотографии на кои се гледа чад во дел од „Пионирскиот парк“.

ВИДЕО | Дијана Хрка продолжува да штрајкува со глад: „Вучиќ, нема да ти простам“

Дијана Хрка штрајкува со глад од 2 ноември, на раскрсницата меѓу Таковска и Булеварот на кралот Александар, која утрово била проодна за сообраќај.

Таа бара вистина и одговорност за смртта на нејзиниот син и на уште 15 лица во уривањето на настрешницата, ослободување на сите студенти, уапсени за време на протестите, и распишување вонредни парламентарни избори.

Поддршка изминативе денови ѝ даваат групи граѓани, студенти, средношколци, просветни работници, опозициски партии, а синоќа и актери и работници во културата, кои укажаа на нејзиниот случај и пред Радио-телевизијата Србија.

Вучиќ ѝ одговори на Дијана Хрка, не пропушти да се пожали колку нему му е тешко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот