Дијамант од 16,64 карати во форма на срце откриен во рудник во Русија

Дијамант во форма на срце
Дијамант во форма на срце / Фото: ВК/АО СЕВЕРАЛМАЗ

Дијамант во форма на срце од 16,64 карати е пронајден во рудникот Ломоносов во областа Архангелск во Русија, соопшти денеска прес-службата на руската компанија „Севералмаз“.

„Необработениот дијамант во облик на мало срце е откриен на 8 април. Неговата тежина е 16,64 карати“, објави компанијата на својата официјална страница на социјалната мрежа VKontakte.

Дијамант во форма на срце
Дијамант во форма на срце / Фото: ВК/АО СЕВЕРАЛМАЗ

Дијамант од 92,34 карати со ретка заматена форма беше откриен на локацијата во 2022 година, потсети ТАСС.

Регионот Архангелск е единственото место во Европа каде има рудници за дијаманти, пренесува Танјуг.

Прес-службата соопшти дека во март 2023 година на наоѓалиштето биле откриени уникатни камења. Вклучувајќи жолти и розови дијаманти во групата со големина од +1,8 карати.

Претходно, беше ископан изометриски кристал со жолто-зелена нијанса со овални ребра, тежок 8,98 карати.

Посебно внимание на геолозите привлече и фрагментот на виолетов дијамант со тежина од 5,42 карати.

Претходно беше објавено дека необичен розов дијамант ќе се најде на аукција на „Сотби“ во летото 2023 година. Почетната цена на дијамантот ќе биде 35 милиони долари.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот