Дигитална платформа за полесен пристап на домашните компании до странските пазари

Со помош на оваа платформа компании ќе ја зголемат конкурентноста и ќе можат да достигнат до нови пазари и нови потрошувачи, вели министерката Ангеловска.

Од септември треба да профункционира нова дигитална платформа вредна еден милион евра, средства одвоени од третиот сет владини мерки, наменета за помош на домашните компании да ги освојуваат странските пазари, соопштуваат од Министерството за финансии.

За утре е предвидена дискусија за развој на оваа платформа меѓу претставниците од власта и претставници од текстилната и чевларската индустрија, како и со претставници од стопанските комора, соопштија на прес – конференција Министерката за финансии Нина Ангеловска и Министерот за економија Крешник Бектеши.

Идната недела, пак, за платформата ќе се разговара со претставници на индустријата за мебел и за ПВЦ производи.

-Преку развивање дигитална платформа, овие компании ќе ја зголемат конкурентноста и ќе можат да достигнат до нови пазари и нови потрошувачи. Веќе утре во Министерството за финансии имаме средба со претставниците на овие гранки, за да им ја претставиме мерката и за да ги преземеме понатаму потребните чекори за ставање на функција на оваа мерка, рече министерката Ангеловска.

Ангеловска и Бектеши напоменаа дека целта е поддршка на граѓаните и компаниите за заедничко пребродување на кризата преку зачувување на секое работно место, поддршка на домашното производство, услугите, туризмот и стопанството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот