Дибиров: Знам дека сте многу разочарани, но сега е момент да се обединиме!

handball.motorsich.com

Руското лево крило на македонскиот и европски шампион Вардар вели дека и покрај сè, ја повикува публиката на дуелот со Мотор Запорожје.

Денеска прво беше објавено дека летонскиот интернационалец Даинис Криштопанс си замина поради големите финансиски проблеми во Вардар и одлучи да го засили тимот на Фуксе Берлин.

Потоа, уште еден досегашен член на македонскиот и европскиот ракометен шампион одлучи да си замине, рускиот бек Павел Атман кој ја продолжува кариерата во редовите на Спартак Москва.

Непосредно пред можеби одлучувачкиот натпревар за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, се случуваат големи промени кои можат уште повеќе да влијаат во играта на играчите на тренерот Стевче Алушовски.

Потсетување дека в сабота (15 февруари) „црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со почеток од 17.30 часот ќе го играат 12. натпревар од групата „Б“ против Мотор Запорожје.

На три кола до крајот на групната фаза, Вардар е на шестото место девет бодови, три повеќе од Мешков Брест и пет од Мотор Запорожје, па евентуален триумф против Украинците и дефинитивно ќе го промовира нашиот претставник како учесник во осминафиналната фаза.

Повеќе информации околу оваа тешка ситуација ќе се дознаат после утрешната прес конференција пред новиот настап во ЛШ и како Алушовски ќе го скрои составот за важната пресметка.

Во меѓувреме после информациите за Криштопанс и Атман, на својот „Инстаграм“ профил се огласи руското лево крило Тимур Дибиров кој вели и покрај сè, атмосферата треба да биде позитивна, заедно со навивачите со верба и надеж дека може екипата да се врати на вистинскиот пат.

– Драги фанови, знам дека сега ние е во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани,но сега е момент за сите нас да се обединат и да покаже дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш, и сите заедно ќе се даде поддршка кога е најтешко, ве повикувам сите во салата и да го покажеме што е љубов, заедно можеме да направиме се – напиша Дибиров на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот