Беспарицата во Вардар го зема данокот: Криштопанс си замина во Фуксе Берлин

Германскиот тим денеска објави дека го ангажира еден од најдобрите ракометари на Вардар, Даинис Криштопанс.

Големите финансиски проблеми, неисплатените плати почнаа да го земаат данокот во Вардар и ракометарите почнаа да го напуштаат европскиот шампион.

Само неколку дена откако јавно неколку ракометари изјавија дека Вардар им ги нема исплатено платите за оваа сезона, прв кој повлече нога и си замина е Летонецот Даинис Криштопанс. Тој денеска и официјално беше промовиран во нов ракометар на германскиот Фуксе Берлин.


Заминувањето на Криштопанс кој последните неколку дена не тренираше со екипата како револт поради неисплатените плати, е најдобар играч на Вардар со 42 постигнати голови сезонава.
Летонскиот џин во Фуксе ќе остане до крајот на сезоната по што се сели во редовите на францускиот ПСЖ.

Неговиот чекор го следи и рускиот репрезентативец Павел Атман кој ги договори сите услови со Спартак Москва и прашање на време е кога ќе биде промовиран во нов ракометар на дебитантот во СЕХА лигата.

Голманот Калифа Гедбан се договори од следната сезона да го брани голот на шпанскиот Адемар Леон.  Претходно иднината си ја обезбеди и Данил Шишкарев кој се договори со унгарскиот Веспрем на кого ќе му се приклучи по завршување на сезоната.

Вардар во сабота го очекува пресметка со Мотор Запорожје во рамките на 12. коло во Лигата на шампионите, но прашање е со каков тим ќе настапи во еден од клучните натпревари за освојување на една од првите шест позиции на табелата кои носат пласман во наредната фаза. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот